По пат на компјутерско електронско рангирање на лица кои ги исполниле критериумите на огласот, денеска, ќе биде извршен изборот на 1.600 граѓани кои припаѓаат на социјално ранливи категории кои ќе бидат вработени. 

Изборот ќе се изврши низ директен пренос на МТВ од 17 до 20 часот. Компјутерски софтвер директно и пред очите на јавноста ќе го изврши рангирањето на прворангираните 1.600 граѓани кои ќе се вработат“, најави владата

На огласот можеа да се пријават долгорочно невработени лица со повеќе од 10 години без работа; лица од многудетни семејства; самохрани родители и еднородителски семејства и невработени лица од семејства каде нема ниту еден вработен.

За сите категории се предвидени по 400 вработувања, а во рамките на секоја група има вработувања за лица со ниски квалификации, за лица со средна стручна спрема, и за лица со високо образование.

Лицата кои ќе бидат рангирани меѓу првите 1600 лица ќе бидат иницијално вработени во „Македонски шуми“. Понатаму дел од нив ќе останат да работат во „Македонски шуми“, а дел од нив ќе бидат преземени во други институции.