Локалната самоуправа распиша јавен повик за поднесување барања за субвенционирање на таксата за привремен престој кај физичките лица кои вршат угостителска деност од мал обем.
Барањата треба да се достават во Секторот за туризам и локален економски развој, најдоцна до 31 јануари 2015 год. за периодот од 01.07 до 31.12.2014 год. Подетални информации може да се добијат во Секторот за ТЛЕР или на телефонскиот број 230 175.
Како што потенцираат од локалната самоуправа, целта на оваа активност е поттикнување на физичките лица запишани во регистарот како вршители на угостителска дејност од мал обем, уредно да ја водат евиденцијата за престојот на гостите во својот сместувачки објект, со што ќе се стимулира редовната наплата на ТПП.
OhridNews