Градоначалникот на Општина Охрид ги повикува сите организации и поединци од областа на спортот, културата, невладините организации, здруженија на граѓани и фондации да достават програми за предвидени проекти во 2014 година со финансиски параметри кои би им биле потребни за реализација на истите.

– Финансиските параметри се потребни за рамковно проектирање на буџетот на Општина Охрид за 2014 година во горенаведените области и натамошна подршка во реализацијата на избраните проекти за финансирање во 2014 година, информираат од локалната самоуправа.

Организациите и поединците треба да достават спецификација за обезбедени финансиски средства(сопствени средства,спонзори и сл), спецификација за потребни финансиски средства од Општината, како и сите проекти да бидат реализирани на територијата на Општина Охрид.

Заинтересираните потребната документација да ја достават во просториите на Општина Охрид (шалтерска служба) или по пошта до Општина Охрид- Сектор за јавни дејности, адреса ул.„Димитар Влахов“ бр.57 6000 Охрид, најдоцна 30 дена од објавувањето на повикот.

OhridNews