Министерството за здравство објави јавен повик за искажување интерес за стручно усовршување-кратка едукација во времетраење од 3-4 месеци во Универзитетскиот медицински Центар Hadassah – hebrew во Ерусалим, во следните медицински области: Анестезија, реанимација и интензивно лекување, Ургентна медицина, Васкуларна хирургија, Торакална хирургија, Педијатриска кардиологија,  Неонатологија, Неврологија, Неврохирургија, Урологија, Дигестивна хирургија, Третман за плодност.

Заинтересираните кандидати може да бидат доктори на медицина–специјализанти или доктори-специјалисти, вработени во ЈЗУ или Институти.

Апликациите може да се достават најдоцна до 15 февруари.

OhridNews