Од локалната самоуправа информираат дека на увид и јавна расправа е ставен нацрт извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животна средина за УПВНМ ДОЛНО КОЊСКО, дел од БЛОК 6.1 и дел од БЛОК 6.2.
Од утре па се до 09.03.2012, граѓаните ќе можат да извршат увид врз нацрт- извештајот во Секторот за урбанизам и заштита на животната средина , секој работен ден од 8 – 16 часот.
Јавната расправа ќе се одржи на ден 01.03.2012г. во 12 часот, во малата сала на Општина Охрид.
Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со извештаите до Општина Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација.











