Од локалната самоуправа информираат дека ставен е на увид и јавна расправа, Нацрт извештајот за стратегиска оцена за влијанието на животна средина за ДУП за УЗ 4, дел од УБ 4.7 – опфат 2, Општина Охрид , плански период 2014-2019година.
Нацрт извештајот за Стратегиска оцена за влијанието на животната средина е изложен во Одделението за заштита и влијание на животната средина во Општин Охрид секој работен ден од 8 – 16 часот, до 09.03.2016 година. Јавната расправа ќе се одржи на ден 04.03.2016г. во малата сала на Општина Охрид ,со почеток во 14 часот.
Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до Општина Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација. Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење, забелешки и предлози по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина и истите може да се испраќаат по пошта на следната адреса Општина Охрид , ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид.
OhridNews