.jpg)
Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад, во општина Охрид секој работен ден од 8-16 часот почнувајќи од 9-ти јануари 2015 година се до 10-ти февруари 2015 година, по што ќе биде организирана јавна расправа.
Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до Општина Охрид во рок од 30 дена од денот на јавното објавување на извештајот. Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење. Забелешки и предлози по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина и може да се испраќаат на електронската адреса: urbanizam@оhrid gov.mk или по пошта.
OhridNews











