Градоначалникот Александар Петрески донесе решение за организирање јавна анкета и јавна презентација за Нацрт- Деталниот урбанистички план за Урбаната заедница 13, дел од УБ 13, 4 опфат1. Просторот на планскиот опфат е во границите на улиците: “ Прилепска”,” Станбена улица “ и КП.4861/1, 4859/1.

Јавната анкета и јавната презентација  за  Нацрт планот  започнува денес и ќе трае заклучно  16.06.2011 година.

Јавната презентација   ќе се одржи во големата сала на општина Охрид  на ден 09.06.2011 год. со почеток во 12 часот . Заради обезбедување пристапност во увидот на граѓаните и правните лица Нацрт планот ќе биде истакнат во холот  на општина Охрид  пред големата сала за состаноци. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 10 до 16 часот во просториите на општина Охрид.

Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки додека трае  јавната анкета и јавната презентација, можат да ги доставуваат на анкетни листови до организаторот на анкетата.

OhridNews