Градоначалникот на општина Охрид, донесе решение за организирање јавна анкета и јавна презентација за УПВНМ за комплекс Свети Еразмо, општина Охрид предлог план 2011- 2021. Просторот на планскиот опфат во УПВНМ за комплекс „Свети Еразмо“ КО Охрид, е на потегот од регионалниот пат Р – 420 (Радожда – Струга – Подмоље – Охрид) и по КП 2553, КП 2530 и КП 2531.
Јавната анкета и јавната презентација за Предлог планот ќе трае започнува утре и ќе трае заклучно 24.08.2011 година. Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 15.08.2011 година со почеток во 12,00 часот.
Заради обезбедување пристапност во увидот на граѓаните и правните лица планот ќе биде истакнат во холот на општина Охрид пред големата сала за состаноци. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 10 до 15 часот во просториите на општината Охрид.
Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки додека трае јавната анкета и јавна презентација можат да ги доставуваат на анкетни листови до организаторот на анкетата.











