Од локалната самоуправа информираат дека се организира јавна анкета и презентација за Детален урбанистички план за УЗ 16 дел од УБ 16.1 и УЗ 17 дел од УБ 17.3 – опфат 1, КО Велестово, општина Охрид 2012-2017.
Просторот на планскиот опфат по ДУП за УЗ 16 дел од урбан блок 16.1 и Урбана заедница 17 дел од урбан блок 17.3 – опфат 1, е опфат на границите: собирна улица “С12”, пешачка патека “Пп.1”, станбена улица “Ст.1”, пешачка патека “Пп.3”, Охрид – Св.Наум – граница со Р.Албанија – пат за растеретување на регионалниот пат Р-501, станбена улица “Ст.2”.
Јавната анкета и јавната презентација за Нацрт планот трае од 15.11.2013 година заклучно со 28.11.2013 година. Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 19.11.2013 година со почеток во 12 часот.
Заради обезбедување пристапност во увидот на граѓаните и правните лица планот ќе биде истакнат во холот на општина Охрид пред големата сала за состаноци. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 10 до 15 часот во просториите на општината Охрид.Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки додека трае јавната анкета можат да ги доставуваат на анкетни листови до организаторот на анкетата.
OhridNews