
Јавната анкета за нацрт планот ќе трае од 14.01.2015 – 30.01.2015 год. Јавната презентација за нацрт планот ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 22.01.2015 год. со почеток во 12 часот. Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица планот ќе биде истакнат во холот на општина Охрид пред големата сала за состаноци. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 14 до 16 часот во просториите на општина Охрид.
Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета, можат да ги доставуваат на анкетни листови до надлежниот орган кој е организатор на анкетата.
OhridNews











