
Просторот на планскиот опфат за овој ДУП е оформен од границата на планскиот опфат која се движи по Булевар Св. Наум Охридски, река Рача, сервисна улица Рача 2, Стамбена улица Ст.1, пешачка патека Пу.1 и КП 2796/1 и КП 2796/2 .
Јавната анкета за нацрт планот ќе трае од до 16-ти декември 2015 година. Јавната презентација за нацрт планот ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на 9-ти декември со почеток во 12.00 часот.
Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица планот ќе биде истакнат во холот на општина Охрид пред големата сала за состаноци. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 14 до 16 часот во просториите на општина Охрид. Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета, можат да ги доставуваат на анкетни листови до надлежниот орган кој е организатор на анкетата.
OhridNews












