Утре,  во организација на ПРОГРЕС Институтот за социјална демократија и Фондацијата Фридрих Еберт – Канцеларија Скопје , од 12 до 14 часот, во големата општинска зграда, ќе се оддржи јавна дискусија на тема: ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ И ПОДОБАР ЖИВОТЕН СТАНДАРД.

На дискусијата воведни обраќања ќе имаат градоначалникот Александар Петрески, Јани Макрадули, потпретседател на Собранието на РМ и кандидат за градоначалник за Град Скопје и Менде Диневски, пратеник во Собранието на РМ и кандидат за градоначалник на Битола.
 
Освен нив ќе се обратат и : Горан Јешиќ од Република Србија, потпретседател на владата на Војводина и поранешен градоначалник на Инџија, и Дамир Матељан од Република Хрватска, пратеник во Собранието на Република Хрватска и градоначалник на Камање. За време на мандатот на Горан Јешиќ, Инџија станува најразвиена општина во Србија и пошироко со пола милијарда евра директни странски инвестиции. Со Дамир Матељан, како градоначалник, општина Камање е лидер во Хрватска во привлекувањето на ЕУ фондови.

OhridNews