Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, ќе организира јавен увид и јавна расправа по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Урбанистички план за с.Љубаништа дел од Блок 9 , опфат 1 ,КО Љубаништа, општина Охрид.
Според најавите, јавната расправа ќе се одржи на 17-ти овој месец во малата сала при општина Охрид, со почеток од 12 часот.
„Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење, забелешки и предлози по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина и истите можете да ги испраќате на е-маил: [email protected], или по пошта на следната адреса Општина Охрид, ул. Димитар Влахов бр. 57 Охрид.“ – велат од општина Охрид.
Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во соба бр. 54 во Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад во општина Охрид, секој работен ден од 08 – 16 часот почнувајќи до 3-ти мај 2014 година.
Од локалната самоуправа информираат дека сите правни и физички лица, како и самата јавност, можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до ппштина Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација.
OhridNews