Jавна расправа денес по Нацрт Законот за прогласување на Охридското Езеро за заштитено подрачје во категорија III-Споменик на природата во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, а во соработка со Општинa Охрид.

Јавната расправа ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид со почеток во 10:00 часот.

Донесувањето на Законот, како што претходно информираа од Министерството за животна средина произлезе од потребата Охридското Езеро повторно да се прогласи за заштитено подрачје во категоријата „Споменик на пририродата“ – категорија III, согласно Законот за заштита на природата на Република Северна Македонија како и поради своите уникатни светски природни и културни вредности како и геоморфолошките и хидролошките карактеристики.

Со донесување на Законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата ќе се овозможи зачувување на природната состојба на езерото преку заштита на природните, културните и други вредности како единствена природен феномен во светот, спречување на дејствија што можат непосредно или посредно да предизвикаат нарушување на живеалиштата и екосистемите, создавање на поволни услови за заштита, зачувување и унапредување на биолошката и пределската разновидност, како и одржливо користење на природните ресурси на начин на кој не се загрозува опстанокот на живеалиштата и видовите.

Јавната расправа утре  во 10 чaсот ќе се одржи и во Општина Струга.

 

OhridNews