Јавната установа Национален парк „Галичица“ ја поканува заинтересираната јавност на јавната трибина по нацрт Извештајот за стратегиска оценка за влијание на животната средина на Предлог измените на Планот за управување со Национален парк „Галичица“ за периодот 2011-2020 година, која ќе се одржи на 22-ри јануари 2015 година, во 13 часот во просториите на НП „Галичица“ во Охрид.
Нацрт Извештајот за стратегиска оценка за влијание на животната средина на Предлог измените на Планот за управување со Национален парк Галичица е достапен на службената веб страница на ЈУНПГ http://galicica.org.mk/dokumenti/SOVZV.pdf.
OhridNews












