Во сабота во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток од 13:30 часот, ќе се одржи јавна трибина во рамките на проектот „Заедно за животните, заедно за граѓаните“.

Трибината чиј организатор е Здружението за заштита, помош и вдомување на животните од Охрид, „Анималиа“, има за цел да ја запознае јавноста со проектот и неговата важност за заедницата, како и активностите на здруженијата за заштита на животните.

„Воедно, целта на ова излагање е да се мотивираат граѓаните да ни се приклучат со цел заеднички да дејствуваме и влијаеме врз политиките кои нè засегаат, а кои го опфаќаат третманот на животните во Р. Македонија.“ – велат од „Анималиа“.

На трибината може да присуствуваат сите заинтересирани граѓани, кои ќе имаат можност за произнесување на дополнителни мислења во однос на активизмот за заштита на животните.

Инаку, настанот се реализира во соработка со здружението „Анима Мунди“ кој е носител на проектот,  како и останатите здруженија за заштита на животни: „Мали Херои“, „Гласот за животните“ ,„Animal world” и „Втора шанса“. Истиот се спроведува во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го имплементира Фондацијата Отворено општество – Македонија.

OhridNews