Јавните тоалети кај Горна порта повторно се ставени во употреба. Вчера екипа од скопската фирма “МСС- Македонски санитарен сервис”, кои го вршат редовниот сервис, ги вратија во првобитна состојба тоалетите кои деновиве беа надвор од употреба затоа што несовесни граѓани решиле од забава да ги превртат и демолираат.



Од Фондот за комунален развој, надлежни за нивна контрола, информираа дека не е прв пат јавните тоалети да се на мета на хулиганите.

Ohridnews