Неколкуте неодамна поставени јавни тоалети кај Горна порта се надвор од употреба затоа што несовесни граѓани решиле од забава да ги превртат и демолираат.


Од Фондот за комунален развој, надлежни за нивна контрола, информираат дека ова не е прв пат јавните тоалети да се на мета на хулиганите.

Имаше ваков случај и кај кампот Елешец. Апсурдно е да поставуваме обезбедување кое ќе ги чува и јавните тоалети од агресивноста на поединци, велат од таму.


Денес се очекува дa пристигне екипа од скопската фирма „ МСС- Македонски санитарен сервис„ која треба да го изврши редовниот сервис на тоалетите и при тоа да ги врати во првобитна состојба.

OhridNews