Јавноста поделена околу поставувањето реквизити во центарот на градот
12.07.11 08:00
Бокс машина веднаш до споменикот на Св. Климент, трамболини, вовчиња, автомобилчиња, разни скокалници…Ова не е слика на забавен парк, туку на центарот на Охрид, кој и по силните најави на надлежните дека ќе биде доведен во ред и оваа година е преполн со забавни реквизити, импровизирани продажни места на отворено и подвижни тезги. Охрид во туристичката сезона е атрактивен и сите гледаат да бидат присутни со својата понуда. Дел од нив да заработат повеќе, а најголемиот дел да заработат за живот. Не е спорно дека треба да се овозможи ситните продавачи да ги продаваат своите услуги и производи, но големо прашање е дали тоа треба да се прави на начин на кој тоа се практикува во Охрид. Притиснати од социјалниот момент градските власти со години ја толерираат ваквата состојба, иако дел од понудата во центарот на градот е профитабилен бизнис.
Граѓаните се со поделени мислења за тоа дали треба да има забавни реквизити и други дребулии во центарот на Охрид. Според резултатите од анкетата што изминатиот период OhridNews ја спроведе за сопствени потреби, 64% од граѓаните се против, а 36 отсто се согласуваaт во центарот на градот да има забавни реквизити.
Во Охрид денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност Попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи Ќе дува слаб до умерен ...
Музичката програма на „Охридско лето“ вечерва продолжува со Холандската вечер во рамки на која предвиден е концертот на гудачкиот квартет на кралскиот „Концертгебау Oркестар“, со уметниците Марк Да...
Охриѓани и туристите кои вчеравечер присуствуваа на стендап шоуто насловено „English Show“ изведено во рамки на „Summer Comedy Marathon“ во Џез Ин имаа можност да погледнат паметна, смешна и брутал...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.