Поправката на натписот на името на охридската гимназија „Св. Климент Охридски“, тема што во јавноста ја актуелизираше OhridNews, предизвика реакции во јавноста. И граѓаните и стручните лица ја поздравуваат иницијативата, но сметаат дека надлежните со начинот на кој извршиле интервенција во наптисот не успеале на соодветен начин да ја поправат грешката.

Имено по сторијата на OhridNews на натпистот кој е поставен на зградата на охридската гимназија, неодамна, беше испишано целосното име „Св. Климент Охридски“. Тоа всушност беше направено со вметнување на скратеницата од зборот „Свети“ – „Св.“ на постоечкиот натпис, што предизвика полемики во јавноста, за што говорат коментарите на социјалните мрежи, кои ги пренесуваме подолу. 

Охридската гимназија, започнала да се гради во 1908 година по фотографија од француска зграда во неокласицистички стил, а инвеститор бил Ејуп Сабри од Охрид. До 1944 година оваа зграда имала различна намена: турска управа, војничка касарна, општина, училиште со интернат и слично. По војната, гимназијата продолжува со образовна дејност и за прв пат со настава на македонски јазик. Во првата деценија од новиот милениум, со средства од меѓународна донација беше целосно реконструирана и беше возобновен последниот кат, кој во минатото изгорел во пожар. Но при реконструкцијата називот на училиштето не беше променет, односно остана „Климент Охридски“. Исто така не се изгради кровната купола, која и натаму недостига.

OhridNews