Српскиот суперлигашот Јавор од Ивањица ќе биде првиот противник за охридските “бели“ во рамките на подготовките за вториот дел од сезоната.


По откажувањето на мечот со Напредок, “рибарите“ закажаа меч со гостите од Србија, кои во Охрид ќе останат во наредните петнаесетина дена и ќе одиграат неколку пријателски средби,

Тимот се натпреварува во Српската Суперлига, а во “црвено-белиот“ дрес настапува македонскиот интернационалец, поранешниот младински репрезентативец Филип Петров.

Натпреварот ќе се одигра на Срц “Билјанини Извори“ од 14 часот. Покрај овај “рибарите“ договорија тест средби со Силекс, Металург, Хајдук Кула.

М.П.