Во рамките на наставна програма во корелација меѓу предметите  македонски јазик и литература, културно-историско наследство, и стручните предмети од областа на туризмот, дел од учениците и професорите од ОУТУ „Ванчо Питошески“ вчера одржаа јазичен културно-историски час од туристички аспект, преку посетата на културно-историските споменици во градот, која пак имаше воспитно-образовен и рекреативен карактер.

Посетен беше стариот дел на градот, односно култруно-историските споменици: Куќата на Робевци, црквата „Св.Софија“, антички театар, галерија на икони, црквата „Св. Богородица Перивлепта“, Самоиловата тврдина, комплексот Плаошник и црквата „Св. Климент“, како и верскиот храм „Св. Јован Канео“.

Целта на посетата беше запознавање на учениците со културно-историските споменици и наследство на Охрид, да го ценат и чуваат културно-историското богатство, посета на репрезентативните споменици, – спознавање на епитетот – град на УНЕСКО, – спознавање на епитетот – центар на туризмот.  Да развиваат чувства за заедничко дружење, социјализација и осамостојување, заемна соработка, стекнување на нови другарства и подобрување на психо-физичката кондиција и здравје.“ – велат од ОУТУ „Ванчо Питошески“.

Оттаму додаваат дека постигната е примарната цел за учениците, да ги поврзат стекнатите знаења преку корелација на предметите и Охрид да се спознае како културен, духовен и туристички центар на Македонија.

OhridNews