„Во програмите на политичките кандидати се занемарува примарната функција на образованието.Се говори за тоа што е направено, што е изградено, какви услови се создадени, а се заборава  на воспитната функција во образованието“, рече на денешната прес-конференција, кандидатката за советничка од либерално-демократската партија, Лидија Јефтовиќ.

Според неа, главниот акцент треба да се стави на детето и примарната образовна функција.

Јефтовиќ најави дека  во програмата на ЛДП се содржани мини-проекти кои ќе се спроведуваат на локално ниво и кои ќе го приближуваат нашето кон европското образование, а се во согласност со Националната стратегија за развој на образоването.

Кандидатката за советничка од ЛДП подвлече дека е неопходно,во локалната самоуправа да се формира стручен тим кој ќе пред секој почеток на учебната година ќе ги детектира состојбите во секое училиште одделно и ќе се залага за развој на образованието.

Како што беше речено на денешната прес-конференција, либерално-демократската партија,  ги има во вид и децата со посебни потреби на кои, потсети, Јефтовиќ, не само што им е неопходна инклузија туку и образование прилагодено на нивните потреби.

A.Р.