Јелена Ѓоковиќ, сопругата на тенисерот Новак Ѓоковиќ е бремена два месеца и во август би требало да го добијат второто дете, објавија српските медиуми.

„Јелена на почетокот на годината се посомнева дека е бремена па одлучи да посети лекар кој ги потврдил среќните вести. Сопругата не ден од најдобрите тенисери на светот не можела да дочека да дојде дома и на Новак да му ја соопшти убавата вест и истиот момент му се јавила на телефон. Двајцата буквално вриштеле од среќа, бидејќи секогаш сакаа да имаат две деца“, изјавил за српски „Блиц“, извор близок на двојката.

За бременоста на Јелена се грижи целокупен тим на лекари, а породувањето ќе биде направени во истата болница во Монте Карло во која Јелена го роди синот Стефан.

OhridNews