Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп бил хоспитализиран во болница и го пропуштил првиот тренинг после враќањето на играчите од репрезентативните обврски.
Од клубот не соопштуваат за што точно е задржан германскиот стручњак ниту за што се работи.
– Не беше планирано да остане во болница, но мораше да му се направат дополнителни анализи и затоа е задржан. Ние како клуб сакаме да побараме максимално почитување на приватноста на Клоп и нашите фудбалери. – стои во краткото соопштение од клубот.
„Црвените“ в сабота на домашен терен во рамките од Премиер лигата го пречекуваат Саутемптон, а Клоп би требало да го предводи тимот од клупата.
OhridNews