Селекторот на „панцирите“, Јоаким Лев ја шокираше германската и светската јавност изоставувајќи го фудбалерот на Манчестер Сити, Лерој Сане од конечниот список фудбалер кои ќе настапат на Мундијалот во Русија.

22-годишниот фудбалер одигра една од важните улоги во освојувањето на премиерлигашката титулата на „граѓаните“ затоа изоставувањето од германската селекција беше прифатено со шок и неверување.

Германската репрезентација на Мундијалот во Русија ќе го брани трофејот освоен пред четири години Бразил. „Панцирите“ во групата на Светското се наоѓаат со Мексико, Шведска и Јужна Кореја.

Списокот

Голмани: Мануел Нојер, Кевин Трап, Андре тер Штеген

Одбрана: Марвин Платенхарт, Јонас Хектор, Матијас Гинтер, Мет Хумелс, Никлас Шуле, Антонио Рудигер, Жером Боатенг, Џошуа Кимих

Среден ред: Сами Кедира, Жулијан Дракслер, Тони Крос, Месут Озил, Марко Ројс, Леон Горецка, Себастијан Руди, Жулијан Брандт, Илкај Гундоган

Напад: Тимо Вернер, Томас Милер, Марио Гомез

OhridNews