
На Јохан Кројф ланскиот октомври му беше дијагностициран рак на белите дробови, што според лекарите е последица на повеќедецениското пушење цигари.
„По неколку медицински третмани, можам да кажам дека резултатите се многу позитивни. За тоа можам да им се заблагодарам на одличните лекари, поддршката од многу луѓе и на мојот позитивен менталитет. Во моментов имам чувство дека водам со 2-0 во првото полувреме. Мечот уште не завршен, но сигурен сум во конечната победа“, објави Кројф.
OhridNews










