Германските судски власти дадоа позитивен одговор на барањето на одбраната на Јохан Тарчуловски, за негово предвремено ослободување и враќање во земјава. Она што е потребно, е позитивниот одговор од судскиот совет на Судот за воени злосторва во поранешна Југославија.

Казната на Тарчуловски, на хартија истекува за четири години, но германските затворски власти, каде во моментов Јохан ја издржува казната, се согласиле таа да биде заменета со условна.

Тарчуловски, шест години беше затворен во Шевинген, а две години е во затворот Диц, Германија. По одлежување на две третини од 12 годишната казна, тој го искористи правото за условно одлежување.

Инаку, неодамна Хашкиот трибунал ги ослободи и хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач.

OhridNews