Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан денеска пристигнува во Скопје, во обид да помогне околу целосното спроведување на Договорот од Пржино.

„Овој 15-ти јануари е клучен рок за политичкиот договор и неговата примена кој е важна и за Владата и за граѓаните на земјата. Очекувам дека сите битни елементи од политичкиот договор ќе бидат решени пред или за време на мојата посета со што ќе им се дозволи на изборните власти да организираат кредибилно избори според договорениот календар“, рече Хан во четврток, во пресрет на неговата посета на Скопје.

Најавени се средби со четирите партии кои, според него, се одговорни за примената на договорот, но ќе ги потсети и дека треба да  бидат „обезбедени услови за кредибилни избори според договорениот рок кој тие го договорија“.

Европската комисија лиферуваше соопштение во кое и официјално ја потврди посетата на Хан на Македонија, во кое вели дека во текот на денешниот ден тој ќе има средби со претставниците на четирите најголеми политички партии кои се потпишаа на политичкиот договор постигнат минатиот јуни и јули.

„Комесарот Хан ќе ја повтори нивната одговорност за спроведување на нивниот договор, вклучувајќи ја и потребата да се обезбедат услови за веродостојни избори, во согласност со роковите што тие ги усогласија“, се вели во соопштението на Еврокомисијата.

OhridNews