Популарниот српски пејач Жељко Јоксимовиќ, кој годинава е кум за празникот Водици во Охрид заедно со неговиот пријател Зоран Милески, во светиот град допатува со сопруга Јована, синот Коста и неговиот татко.
-Времето е прекрасно и навистина уживаме во убавините што ги нуди Охрид. Сместени сме удобно и сега тргнува претпразничната атмосфера, која ме освои минатата година и еве оваа година ќе уживам во семејна атмосфера во Охрид заедно со пријателите и се разбира со кумовите на Водици.-истакна Јоксимовиќ.
Јоксимовиќ рече дека се чувствува како охриѓанец, а поради кумството веќе добива и протекции.
–По светата литургија се чувствувам уште повеќе како охриѓанец. Синоќа имав „ситуација“ кога доаѓавме наваму. На граница застанав во редот каде пишуваше „Само за жители на Македонија“. Прашав дали може да поминам тука, на што следеше одговор: „Куме како не може, ти си наш влегувај!“-низ смеа ја раскажа анегдотата Жељко Јоксимовиќ.
OhridNews













