Македонија скапо ја плати победата над Полска. Двајцата “воини“ во македонската фаланга Ацо Јоноски и Филип Миркуловски се здобија со тешки повредии се неизвесни за одлучувачкиот меч со Србија.

Јоноски беше повреден во раната фаза од мечот кога по ударот на еден од полските ракометари му беше скршен носот. Миркуловски во самиот финиш се здоби со повреда на дланката.

Вклучувајќи го “рековалецентот“ Димовски се очекува доста работа за физиотерапевтскиот тим на македонскиот стожер.

М.П.