Со 23 играчи меѓу кои три голмани селекторот Мирсад Јонуз ќе се подготвува за престојниот септемвриски двомеч против селекциите на Шкотска и Норвешка.
Четири дена во Охрид репрезентативците ќе воигруваат нови варијанти и ќе ги отстрануваат слабостите воочени на мечот со континеталниот првак Шпанија кој го загубивме со 3-2.
– Во нашиот состав има пет играчи со по еден жолт картон, Пандев, Наумовски , Деспотовски, Шумоликоски и Влатко Грозданоски и во случај на несакани повреди бидејќи играме двомеч да бидеме подготвени за навремена реакција. Првиот предизвик Шкотска е најзначен за нас и тука ќе се решава битката за втората позиција во групата. Направивме анализа на играта на противникот и точно ги знаеме нивните добри и слаби страни –смета селекторот Мирсад Јонуз.
Репрезентативците се оптимисти во пресрет на одлучувачкиот натпревар со Шкотска и со солидна тактичка и психолошка подготовка сметаат дека може да се изненади домаќинот.Во првиот натпревар Македонија на “Градски“ ја совлада Шкотска со 1-0.
Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хемпден парк“ во Глазгов, во петтото коло од групата Б1 во Лигата на нации „Црвено-жолтите“ го постигнаа првиот гол во ова издание...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...