Новиот македонски селектор Мирсад Јонуз истакна дека ќе побара совет од неговиот претходник словемецот Среќко Катанец.

– Секако дека ќе се обратам до Катанец. Неопходни ми се сите совети за што поуспешна работа со екипата. Со Среќко немав иста визија, зашто тој велеше дека квалитетот ни е ограничен, а јас не мислам така. Но ќе побарам совет, секако дека сите информации ќе ми бидат повеќе од потребни – вели Јонуз .

ohridnews