Атлетико Мадрид прокнижи нови три бодови на табелата во Ла Лига победувајќи го Реал Сосиедад (3-0) пред своите гледачи.


Гостите несреќно го започнаа мечот откако во осмата минута Рејес ја затресе сопствената мрежа.


Прашањето околу победникот домаќините го разрешија првите 15 минути од вториот дел со головите на Нигуес и Гризман.


Со оваа победа „јорганџиите“ и се приближија на Барселона на пет бодови, која пак има натпревар помалку.

OhridNews