Атлетико Мадрид претрпе пораз од 2-1 на гостувањето кај Спортинг Хихон, пораз по кој заостана цели 8 бода зад лидерот Барселона. Гриезман ги доведе гостите во предност во првиот дел, но заморот од серијата мечеви кои ги одиграа “јорганџиите“ ги стигна во финишот на мечот. Со два гола во последниот квартал на Канабриа и Кастро домаѓните извојуваа значајна победа во битката за опстанок.