Атлетико Мадрид прокнижи нови три бодови на табелата во Ла Лига победувајќи го Еибар на Винсенте Калдерон со 3-1.
Гостите во првата минута од вториот дел поведоа со 1-0 откако мрежата на Јан Облак ја погоди Кеко. Домаќините на погодокот од гостите одговорија со три голови. Резултатот го изедначи Хозе Гименез, пресвртот го направи Саул Нигуез, а победата ја запечати Фернандо Торес.
Со трите бодови од дуелот со Еибар „јорганџиите“ се израмнаа на врвот со Барселона која има два меча помалку.
OhridNews











