Двајт Јорк беше еден од фудбалерите кои имаше најголем удел за тројната круна на Манчестер Јунајтед во 1999 година. Таа сезона “црвените ѓаволи“ со победата над Баерн Минхен во финалето од Лигата на Шампиони ја заокружија најуспешната сезона во историјата на клубот. Шкотланѓанецот стана еден ретките тренери, кој може да се пофали со три титули.


– Сер Алекс Фергусон ноќта на Ноу Камп во финалето од Лигата на Шампиони направи се за што мечтаеше од кога презеде Манчестер Јунајтед. По доделувањето на трофејот сите заминавме во соблекувалната. Радоста спласна бидејќи почнавме да се спремаме за заминување, но Фергусон никако, тој се радуваше како мало дете – рече Јорк.

Јорк во Јунајтед пристигна во 1998 година од Астон Вила и во дебитанската сезона со “црвените ѓаволи“ стигна до тројна круна, најдобар стрелец во Премиер лигата и Лигата на Шампиони.

Мх.П.