Својот патронен празник, вчера го одбележува јавната установа Детска градинка „Јасна Ристеска“ од Охрид, која го прослави педесетгодишниот јубилеј од своето основање.

Директорката “, Роза Костеска вели дека овој јубилеј се прославува по пат изоден цели педесет години, кој се протега низ два века и милениуми на раст и развој на оваа установа.

Низ тој пат поминале плејада на работници, кои предано и одговорно ги извршувале и ги извршуваат своите работни задачи, придонесувајќи за правилниот раст и развој на генерации деца од предучилишна возраст.“ – вели Костеска.

Како што таа потенцира, дел од тие деца кои придонеле во развојот на оваа градинка, денеска со својот личен и професионален ангажман на сите полиња во општествените текови, се солидни студенти и ученици, вклуќени во повисоките образовни системи на градинката.

Ние вработените во градинката ја имаме таа привилегија да придонесуваме за згрижувањето, воспитувањето и образованието на најмладите генерации кои се наша гордост и наше огледало за постигнувањата на нашите активности и работа со нив. Ја имаме таа привилегија да живееме во најневиниот и најубавиот свет. Додека трае нашиот работен век, живееме во светот на детството. Свет полн со искреност, нежност, невиност, благородност. Детските среќни лица и насмевки се нашата најголема радост и награда за ангажманот што го вложуваме во секојдневната работа.“ – потенцира Костеска.

Инаку, обиди за отворање на детска градинка во Охрид имало повеќе пати во повоениот период, но поради немање финансиски средства, тие брзо згаснувале.

Првиот сериозен обид бил од страна на Народниот одбор, кој на 21. седница  на Општинскиот собор со решение број 11636 од 06.08.1957. година основал детска градинка под името “ИДНИНА“, која работела во приватната куќа на улица “Кеј Маршал Тито” број 32.

Сепак, поради самофинансирањето не можела да ги издржи трошоците, па брзо престанала со работа. Вториот, поуспешен обид е регистриран во 1963 година.

Осум години подоцна, поточно во 1971г. на ул.”Димитар Влахов” бр.63, отворена е детската градинка “ЛИХНИДА”, а во 1976г. на ул. “Васил Главинов” бр.12 отворена е детската градинка “РАЗВИГОРЧЕ”. Две години подоцна во близина на Историскиот архив на ул.”Туристичка” бб отворена е третата градинка “БИЛЈАНА”.

Во населбата Лескајца во 1982г. на ул. “Пере Тошев” бр.1, отворена е градинката “Росица”, а петтата градинка “ЛИХНИДА” во склопот на ЈОУДГ “Јасна Ристеска” отворена е 1988г. на ул. “Билјанини извори” бб.

OhridNews