– Цитираме од законот за Волонтери и волонтерско работење:,,Организаторот на волонтерската работа може да го раскине договорот за волонтерство: со престанување на потребата за волонтирање и кога не е во можност да ги обезбеди условите за волонтирање. Одредба од законот за волонтерство, член 17 ,,Организаторот на волонтерска работа не смее да склучи работа за волонтерство со цел да се избегне склучување за договор за вработување.‘‘ , што всушност е направено при склучувањето на овие договори пред шест месеци. Ова раководство има намера да ги решава проблемите од било која природа во согласност со законите, а што се однесува до кадровските решенија ќе се води сметка да се изврши прием на соодветен кадар со соодветно образование кој ќе можат да одговорат на потребите на децата и пошироката заедница, велат од градинката.
Оттаму, додаваат дека досега неколку пати Министерството за труд и социјална политика дало согласности за вработување, но тие не биле реализирани.
Од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ информираат дека во соработка со Локалната самоуправа се работи на идејата од градоначалникот за двосменско работење на градинката што се смета дека ќе даде позитивен одзив кај родителите.
– Ја користиме можноста да упатиме повик до сите родители кои се заинтересирани за згрижување на нивните деца во втора смена да дојдат во објектот,,Централна‘‘ и да се пријават во службите, велат од охридската градинка.
Од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, апелираат до родителите кои имаат одредени потреби или забелешки околу згрижувањето на нивните деца да ги упатат до Управата на детската градинка, и известуваат дека во сите јаслени групи има соодветен згрижувачки кадар, согласно со стандардите и нормативите на дејноста.