Во своето прво обраќање до јавноста по победата на локалните избори во Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски изрзи благодарност до охриѓани за укажаната доверба и најави дека уште веднаш ќе започне да работи на реализација на ветените проекти.

Победата на кандидатот за градоначалник Јован Стојаноски на локалните избори во Охрид, симпатизертите на СДСМ вечерва еуфорично ја прославија. Автомобили со вклучени сирени кружеа низ охридските улици, а на плоштадот Св. Климент Охридски се славеше со песна. На присутните покрај Стојаноски, им се обратија пратеникот и претседател на ОО СДСМ Охрид Томислав Тунтев и носителот на листата на советници Константин Георгиевски, кои изразија благодарност до граѓаните за дадената доверба.


Јован Стојаноски – нов градоначалник на Охрид

OhridNews