Повратникот на клупата во Работнички, Ѓоре Јованоски со триумф во 1/4 финалето од Купот на Македонија ја започна одисејата со “романтичарите“. Кичевчани беа лесен противник за “црвените“  кои реванш натпреварот го одиграа рутински победувајќи со 3-0. 

–    Сакам да му честитам на момците кои одиграа фер и коректен натпревар. Фудбалерите одиграа максимално ангажирано, во реванш натпреварот влегоа како да немаат предност од првиот. Јас и стручниот штаб веруваме во оваа екипа која има потенцијални репрезентативци, состојбата на психолошки е план е лоша,но со оваа извојувана победа и работа во наредните натпревари ќе ја вратиме самодовербата на фудбалерите  – истакна тренерот на Работнички, Ѓоре Јованоски.

Во нареднатата рунда стратегот на “романтичарите“ Јованоски ќе ја има премиерата во првата македонска фудбалска лига против бранителот на трофејот  Шкендија. “Дебар малците“ во последните пет натпревари од шампионат незнаат за победа нанижувајќи пет порази по што неминовна беше смена на тренерската позиција.

КУП : Работнички рутинирано во 1/2 финалето

Мх.П.