Кондициониот тренер на ЦСКА, Иван Јовановски ќе мине две седмици во италијанскиот прволигаш Удинесе. Македонецот заминува во Удинесе, благодарение на одличните контакти на бугарската ЦСКА Софија и италијанскиот тим. Со овој потег од клубот потврдуваат дека имаа интерес за тренерот не само да го задржат во своите редови туку и да му помогнат тој да напредува.



Кондициониот специјалист во ЦСКА замина од тимот на Металург, и тоа во пакет со Ѓоре Јованоски. “Црвените“ го заскаа Јоавноски поради неговите неконвеционални методи на работа кои дадоа резултат. Исто така тој е задолжен за изработувањето на мотивациски клипови со погодоци на ЦСКА и тоа пред секој меч на “армејците“.



Јованоски во Удинесе ќе биде дел од тренерскиот тим кој го предводи Франчески Гвидолин.


Оhridnews