Невиден хаос го пречека македонскиот стратег Ѓоре Јованоски на денот на превземањето на кормилото на софиската ЦСКА. Јованоски на првиот тренинг на теренот се појави со маичка со иницијалите на неговиот претходник Павел Дончев. Долго време нивните ривали и конкуренти си поигруваат со софискиот тим нарекувајќи ги без имени.

Но ако маичката не е бог знае каков проблем, бугарските медиуми наведуваат дека македонскиот тренер нема работна дозвола и нема да може да го предводи тимот на гостувањето во Велс, кај ТНС во првиот натпревар од квалификациите за Лигата Европа.

Велшаните пак, бараат исклучување на бугарскиот тим поради според нив нерегуларниот настап на напаѓачот Спас Делев на мечот против Клифтонвил (2-1).

Ништо подобра не е ситуацијата во бугарското првенство каде дисциплинската комисија на федерацијата им се закана со одземање на бодови доколку не го подмират дологот кон менаџерот Мирчо Димитров.

Но и покрај сите проблеми со кои се соочи Јованоски е оптимист дека може да ја доведе титулата во клубот. – Проблемот е чисто психолоши, со две победи до крајот на неделава се` ќе се нормализира. Мојата цел е ЦСКА да на направам шампион, и да презимиме во Лигата Европа. Сакам играчите да покажат карактер и да го оставата срцето на терен – вели за “Тема Спорт“ , Јованоски.

Додека не се комплетира документација тој од трибините ќе диригира со својот тим, а на клупата ќе седи првиот помошник Сашо Борисов.

М.П.