Охриѓанецот Јован Јованоски од В.К. „Екодорм“ го освои сребрениот медал на Балканскиот шампионат во друмски велосипедизам што се одржа во Белград, Србија.


Во конкуренција од 27 натпреварувачи, Јованоски долго време ја предводеше трката, а техничките проблеми со менувачато го спречија доминатно да ја заврши трката, па и така “повреден“ успеа да да го задржи второто место и да освои сребрен медал за Македонија.


Првото место му припадна на Секер Цебрали од Турција, а третото го освои Бугаринот Минко Донковски.


На шампионатот учествуваа седум балкански земји (Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Турција, Бугарија, Албанија, Романија и Кипар, кој е член на Балканската федерација), а како гости учествуваше и Словенија.

М.П.