Охриѓанецот Јован Јованоски го освои второто место во класта кадети на првиот натпревар во сезоната 2011 во друмски велосипедизам кој се одржа во Кичево во организација на ВК Спидбајк – Кичево.


Студеното време за овој период од годината не ги одврати педестината велосипедисти од цела Македонија да се појават на стартот во центарот на Кичево. Со заеднички стрт во 12:00 сите велосипедисти од петте категории продефилираја низ улиците на Кичево и се упатија кон Прилеп.


Натпреварот според класите беше поделен на две групи Жените и Мастерсите како најстара класа и Кадетите како најмлада ја имаа првата и пократка етапа во должина од 72 км, движејќи се низ Македонски Брод, Суво Дол до с.Барбарос и повторно назад, а класата на јуниори и Сениори во должина од 130км продолжија до Прилеп и назад.


Околината која обилува со природни реткости кои пленат со својата убавина, беше збогатена со шареноликите бои од дресовите на велосипедистите кои се двиежа во група .

Велосипедистот на Екодром – Јован Јованоски, кој досега триумфираше во претходните две сезони во планински велосипедизам во класата на Кадети, за прв пат се појави на ваков друмски натпревар.

Јованоски во поголемиот дел од трката ја предводеше најбрзата група на велосипедисти заедно со Никола Џукиќ од клубот ВелоМ од Куманово и Левент Рифат од Е.Б.Т.С. од Скопје. По дво часовна борба прв на целта мина Џукиќ, а втор пристигна Јованоски.

Натпреврот мина во најдобар ред без никакви инциденти.

Жени:

1. Драгана Зафироска   ВелоМ – Куманово
2. Емина Медина           Теута  –  Куманово
3. Арта Мухтари            Теута  –  Куманово

Мастерс

1. Лазо Миноски      Е.Б.Т.С. – Скопје
2. Боро Банишки     Енерџи  – Скопје
3. Изаим Бајрами     ВелоМ   – Куманово

Кадети

1. Никола Џукиќ       ВелоМ  –  Куманово
2. Јован Јованоски    Екодром – Охрид
3. Левент Рифат        Е.Б.Т.С.  – Скопје

Јуниори

1. Јахи Ибиши               Енерџи – Скопје
2. Костадин Петроски    МКВ     – Велес
3. Марко Рангелович     МВК     –  Велес

Сениори – Елит

1. Горан Кузманоски    Енерџи – Скопје
2. Бобан Андевски       ВелоМ  – Куманово
3. Стефан Петроски     ВелоМ  – Куманово

Фото “ЕкоДром“
Ohridnews