Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски ја продолжи европската бајка во Лигата на Шампиони. АПОЕЛ на реванш мечот со Лион, триумфираше со 1-0, победникот беше одлучен по пеналите. Херој на домаќините беше голманот Киотис, скротувајќи ги пеналите на Лаказате и Бастош додека Тричковски погоди во решавачката четврта серија.


Ова е најзначајниот момент во клупската историја во Кипар. Не верував во пласман понатаму, но со овие фудбалери кои “пукаат“ од самодоверба и фантастичните навивачи, го исполнивме сонот – истакна тренерот на АПОЕЛ, Јовановиќ.

“Магичниот“ пат во Лигата на Шампиони на македонската “седмица“ Тричковски и АПОЕЛ започна во првото квалификациско коло, против албанскиот шампион Скендербеу.  Во втората рунда следуваше Слован Братислава, а последната пречка од групната фаза беше Висла Краков.


Групната фаза од натпреварувањето АПОЕЛ го заврши на врвот од табелата, со три победи, две реми и еден пораз. Дали ќе има сили “забрефтаниот“ АПОЕЛ за уште еден подвиг пласман во најдобрите четири во стариот континент, ќе видиме по ждрепката која е за две недели во Нион.

Мх.П.