Политичкиот прогон е секојдневно присутен. Имаше закон за амнестија, се ослободија многу луѓе. Тие луѓе кои беа во затвор беа криминалци пред се, шверцери со дрога, а богами и терористи. Тие луѓе се пуштија на слобода за да можат политичките противници да влезат таму, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсте Јовановски на денешната седница во Собранието за гласање на доверба на владата

– Дознавме дека за да бидеш терорист не треба да имаш пушки, бомби и патрони, туку треба да имаш телефон со андроид. Те слушаат што ќе кажеш и стануваш терорист. Тоа е дел од планот 3-6-9 да се замолчи опозицијата и никој нема право ништо да проговори, истакна Јовановски.

Тој ги потсети присутните во Собранието дека во еден изминат период новинари бараа смрт за некои политичари, но тоа помина и сега имаме ново време, имаме „слобода“ на медиуми, арно ама никој не смее ништо да проговори, затоа што ако се проговори ти следат пријава и тужба.

Јовановски се обрати и до Заев истакнувајќи дека иако против него се води процес на суд, тој се ставил на чело на реформите за правосудство.

– Има постручни луѓе кои во тој контекст ќе направат многу повеќе и ќе го доведат ова правосудство како што треба да има правда, нагласи Јовановски.

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за економијата, бидејќи за време на нивното владеење, преку погубните политики го удвои јавниот долг и наместо да шири лажни обвинувања треба да ги види реалните економски показатели кои покажуваат раст на платите од 5,6, раст на индустриското производство и севкупен економски раст, истакна Томислав Тунтев во денешното обраќање во Собранието на Република Македонија.

„Поради неспсобноста на ВМРО-ДПМНЕ и бројните пропусти, автопатот Кичево – Охрид ќе чини 10 милиони евра по километар и ќе биде еден од најскапите во Европа. Владата предводена од СДСМ, како одговорна влада ги санира штетите на автопатите и тие сега непречено се градат. Сите влади на ВМРО-ДПМНЕ за 10 години изградија само 10 километри патиша и тоа е реалната бројка, се друго се пропусти коишто предвизкуваат дополнителни трошоци“ порача Тунтев.

Во делот на културата, Тунтев во своето обраќање посочи дека Владата предводена од СДСМ ги санира штетите од погубните политики на владите предводени од ВМРО-ДПМНЕ, кога поради штетните проекти беше загрозено културното и природно наследство на Охрид заштитени од УНЕСКО.

OhridNews