Јовчески Дарко од Тетово ќе ја дели фудбалската правда на “Билјанини Извори“ на дербито на дното меѓу Охрид Лоте и Влазерими.


Јовчески во единствениот натпревар на кој им “судел“ на “градежниците“ забележаа победа над Цементарница со 3-2.

 

Тетовчанецот само еднаш водел мечот на кој играл Влазерими и тоа во 10 коло против Еуромилк во Скопје кој кичевци го загубија со 4-0.

Асистенти на Јовчески ќе бидат Емрули Иса од Тетово и Изеири Вјолца од Гостивар.

М.П.