Менаџерот на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини го отстрани Стеван Јоветиќ од составот за Лигата на шампиони и местото му го даде на Вилфред Бони, кој зимава пристигна на Етихад.
– Заслужувам да играм во Лигата на шампиони. Менаџерот начисто ме уби со неговата одлука. Осеќам дека можам да и помогнам на екипата во ЛШ, а и другите играчи ми го рекоа истото – рече Јоветиќ.
Изоставувањето од составот (не) значи дека Јоветиќ ќе ја промени средина по завршување на сезоната.
– Не сум донел никаква одлука за мојата иднина. Ќе почекам до лето, а тогаш ќе размислам што понатаму. Менаџерот стави други играчи пред мене и тоа можеби треба да го сватам и како друга порака – додаде Јоветиќ.
Ohridnews